Поздравно обраќање

Драги посетителки и посетители,

Срдечно Ве поздравувам на интернет страницата на Германската амбасада во Скопје!

Како нов германски амбасадор ми претставува задоволство да ја застапувам мојата земја кај Вас и да придонесам за понатамошно зближување меѓу нас, а, пред сé, да ги унапредувам односите меѓу луѓето. Вашата земја импресионира поради нејзиниот голем потенцијал, а Германската амбасада се гордее со тоа што има можност да учествува во понатамошниот развој како сигурен партнер.

Во сите области - политика, економија и култура - нашите односи се разновидни и блиски. Податоци за нив, но и интересни нешта за Германија, како и практични информации и упатства, може да најдете тука.

Ви нудиме информации и линкови за:

- Германија и германско-македонските односи

- Германската надворешна и европска политика

- Прашања во врска со визните одредби, можности за студирање, контакти во Германија

- Прашања во врска со конзуларни работи за германски државјани

- Активности на Германската амбасада во Скопје

- Германски институции во Македонија.

Вашите прашања, или пак напомени, во секое време се добредојдени! Образецот за контакт Ви стои на располагање.

Ви посакувам уживање со нашата веб-понуда и при Вашето виртуелно патување во Германија!


Со п
очит,


Томас Герберих

Амбасадор