Германско-француска награда за човекови права 2017 за Беким Асани

Германско-француска награда за човекови права 2017 за Беким Асани Зголемување на сликата (© Македонска Влада) На 13.12.2017 г. францускиот амбасадор Тимоние и амбасадорот Герберих ја предадоа германско-француската нагарада за човекови права на македонскиот активист за човекови права и претседател на здружението  "LGBT United Tetovo - Makedonija" Беким Асани.
На свечената церемонија присустваа меѓу другото претседателот на Влада, господин Ѕоран Ѕаев, претставници на граѓанското општество и на други амбасади како и претставници на медиумите.
Амбасадорот Тимоние во својот говор нагласи дека господин Асани пред се се истакнал преку неговото дејствување во борбата против дискриминацијата.
Амбасадорот Герберих истакна дкеа господин Асани се ѕалага за правата на малцинствата и особено се бори против хомофобијата.
Претседателот на Влада, господин Зоран Заев, потцрта дека неговата Влада ќе се залага за тоа, секој поединец да моѓе да ги уѓива правата кои му припаѓаат.