Потпишување на спогодба за финансиска соработка 2017
Зголемување на сликата
(© Македонска Влада)
На 20.12.2017 г. амбасадорот на Сојузна Република Германија, господин Томас Герберих, и македонскиот министер за финансии ДРаган Тевдоевски потпишаа спогодба за финанскиска соработка 2017 за дополнителни исноси на финансирање во висина од вкупно девет милиони евра.
Амбасадорот Герберих при таа прилика истакна:
Водечка идеја на германската политика кон Македонија е поддршката на евроатлантската интеграција на земјата, како и поддршката на потребните реформи на ова поле.
Во оваа смисла, Германија не е само најзначајниот трговски партнер на Македонија со годишна билатерална трговска размена од речиси 3 милијарди евра, која постојано расте. Македонија е исто така и партнер на развојната соработка.
Досега Германија стави на располагање 320 милиони евра за Македонија, воглавно за инвестиции во јавната инфраструктура, како санација и проширување на системите за водоснабдување и канализација, како и модернизација на земјоделските системи за наводнување.
Денес ја потпишавме Спогодбата за финансиска соработка 2017 за понатамошна финансиска поддршка во ова поле во висина од вкупно 9 милиони евра.