Спречување на корупција

Прописите за спречување на корупција во Сојузната администрација од 30 јули 2004 година ја одредуваат правната рамка за задачите на спречувањето на корупција во централата на министерството за надворешни работи и во претставништвата во странство. Прописите имаат за цел да понудат разбирлив правилник за фер и транспарентно административно дејствување.

Етичките начела и одбивањето на корупцијата треба да бидат цврсто поставени во свеста на вработените во централата на министерството за надворешни работи како и на испратените службеници и локални соработници во претставништвата во странство. Важни цели на спречувањето на корупција во централата на министерството за надворешни работи и во претставништвата во странство се сензибилизација на вработените за тематиката, заштитата од можни корупциски закани и зачувувањето на високи етичко-правни стандарди како интегрален дел на сите управни дејства.

Контакт лице за спречување на корупција во амбасадата е г-н Ралф Мауредер.

Награди, лични подароци или други предности

Важи основното начело: Забарана за прифаќање! Без согласност од работодавецот вработените во централата на министерството за надворешни работи како и испратените службеници и локални соработници во претставништвата во странство, не смеат да прифаќаат награди, лични подароци или други предности во однос на својата функција. Сите други прописи се наоѓаат во налозите од Сојузно министерство за внатрешни работи во врска со забраната на прифаќањето на награди или лични подароци во Сојузната администрација од 8 ноември 2004 година и во конкретните налози во министерството за надворешни работи. Други упатства и одговори на прашањата кои често се поставуваат во врска со таа тема, може да се најдат во каталогот на прашања и одговори изработен од страна на иницијативата за спречување на корупција по налог на Сојузното министерство за внатрешни работи. Каталогот може да се најде на веб страницата на Сојузното министерство за внатрешни работи на германски Fragen-/Antwortenkatalog zum Thema Annahme von Belohnungen, Geschenken und sonstigen Vorteilen (Zuwendungen) [pdf, 223.06k] и англиски јазик Answers to frequently asked questions about accepting gifts, hospitality or other benefits [pdf, 194.22k] .

Прашања и напомени на темата спречување на корупција во министерството за надворешни работи може да упатете и на надлежниот службеник за спречување на корупција во министерството за надворешни работи.