Германија и Македонија

Политички односи

Билатералните односи се задоволителни. Раната и доследна поддршка на ПЈР Македонија по нејзината независност, улогата на Германија како најважен трговски партнер и блиските човечки врски преку 70.000 македонски државјани кои живеат во Германија, се централните поврзувачки точки.
Мотото на германската политика спрема ПЈР Македонија е поддршка на евроатлантската интеграција на земјата, како и поддршка на реформите, потребни за остварување на таа цел, особено во областа на владеење на правото.

Како на билатерално така и на мултилатерално ниво, Сојузна Република Германија негува интензивна размена со ПЈР Македонија. Многубројните програми и проекти за соработка со Владата како и со невладиниот сектор, на пример, преку Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), Фондацијата Меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Форумот Граѓанска служба за мир, го зајакнуваат реномето на Германија за доверлив партнер. Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје се активни преку своите канцеларии. Главниот град Скопје веќе долги години е во тесно партнерство со градовите Нирнберг и Дрезден.

Економските односи, развојна соработка

Германија традиционално е еден од најважните трговски партнери на ПЈР Македонија. Најважните германски извозни стоки се предпроизводи за текстилната индустрија како и патнички и товарни возила, а Германија увезува од Македонија, пред сé, производи за автомобилската индустрија (катализатори, електронски инструменти) како и текстилни производи, лимови од железо или челик како и производи од прехранбената гранка. Обемот на билатералната трговија во 2013 година изнесуваше околу 1,70 милијарди евра, од кои околу 522 милиони евра македонски увози од Германија и околу 1,154 милиони евра македонски извози за Германија.

Германија ја има водечката улога и во областа на билатералната развојна соработка. Меѓутоа, поради доделувањето на кандидатскиот статусза ЕУ во 2005 година, таа сукцесивно ќе згасне. Од 1992 година, на ПЈР Македонија од страна на Германија во рамки на финансиската и техничката соработка ѝ биле ставени на располагање, односно одобрени 346 милиони евра.

Тежиштата на соработката се одржливи еколошки инфраструктурни проекти (особено енергија преку ветерници и вода, снабдување со вода и преработка на отпадни води и отпадоци, заштита на природата), зајакнување на социјалната инфраструктура преку проекти на локално ниво и поддршка за развивање на пазарното стопанство, особено преку помош за банкарскиот сектор, малите и средните претпријатија, модернизирање на земјоделството и усогласување на законите со ЕУ-стандардите.

Културната размена

Основата на културните односи ја претставува Спогодбата за културната соработка која беше потпишана на 16 октомври 1997 година. Од јули 2007 година претставник на Гете-Институтот е раководител на Канцеларијата на Гете-Институтот во Скопје. Низа континуирани проекти (стипендиски програми, семинари за наставници и професори по германски јазик и други) ја истакнуваат културната работа како и посебни поединечни настани (изложби, концерти).

Досегашниот врв на германско-македонската културна размена беа Германските недели во септември и октомври 2009 година.

Носители на културната работа покрај амбасадата и Гете-Институтот се германско-македонските културни друштва во Скопје и во Битола чии проекти добиваат поддршка од страна на министерството за надворешни работи на Германија. Активните градските партнерства меѓу Скопје и Нирнберг и Скопје и Дрезден ја збогатуваат културната размена.

Со оглед на тесните политички и економски врски, интересот за германскиот јазик е голем. Понудата за учење германски е делумно помала од побарувачката. Според бројот на оние кои го изучуваат јазикот, германскиот јазик како странски јазик го зазема третото место после англискиот и францускиот. Германско училиште не постои. Во Скопската гимназија Јосип Броз Тито постои можност за полагање на дипломата ДСД II која ги потврдува познавања на германскиот јазик кои се потребни за студирање во Германија. Покрај ова училиште, претставник на Централата за школството во странство покрива и две други гимназии во регионот Скопје; Гете-Институтот покрива 12 основни училишта во кои германскиот јазик се учи од првото одделение. Голем интерес постои за стипендиите од Германската академска служба за размена (ДААД) која има канцеларија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата Фридрих Еберт се присутни во Скопје со свои канцеларии.

Официјална посета на тогашниот Сојузен Претседател на Германија, Хорст Келер, во Македонија