НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА во врска со визите

Ве информираме дека амбасадата  во интерес на време, нема посебно да одговара на прашања кои веќе ги содржи овој информативен лист.

Колку време ќе трае обработката на моето барање?

Амбасадата не може однапред  да Ве информира точно колку време ќе трае процедурата, бидејќи е тоа индивидуално и зависи од повеќе фактори, како комплетноста на документите, вашите претходни престои, вклучување на служби во Германија и сл.

Одговорот ќе Ви биде пратен преку телефон или мејл. Ваша обврска е да ни оставите точен број на телефон или мејл адреса  на кој ќе бидете достапни за цело време на процедурата.

Генерално, времетраењето на процедурите е следно:

-          Работна виза – не пократко од 4 недели

-          Студии, курс за јазик – не пократко 6 недели.

-          Фамилијарнo соединување – не пократко од три месеци.

Прашања во врска со тоа дали е стигнат одговорот, нема да бидат одговарани се додека не поминал горенаведениот рок. Поради тоа е потребно доколку прашувате, да наведете и кога го поднесовте барањето.

Сакам да се пријавам за термин. Како тече процедурата? Дали закажувањето се наплаќа?

За термин се пријавува на web stranata:   www.skopje.diplo.de  во полето /визи онлине-  закажување/.

Доколку успешно сте се пријавиле, ќе добиете  број на  вашата онлајн регистрација а по неколку дена на дадената маил адреса ќе добиете маил со информација за точен термин. Оваа потврда треба да ја испечатите и да ја носите со себе на терминот, покрај сите други потребни документи.

 Инаку закажувањето електронски термин било и останува бесплатно.

Не можам да закажам електронски термин. Имам проблеми при пополнувањето?

Најчесто проблемот е во полето каде го впишавте бројот на телефон, бидејќи треба да се внесе без повикувачки број за Македонија или во полето Personalnummer каде треба да се внесе матичен број а не бројот на лична карта.

Закажав термин, но со стар пасош? Во меѓувреме извадив нов. Треба ли да закажам нов термин?

Дојдете на закажаниот термин со двата пасоши.

При пријавување за термин ја погрешив категоријата. Дали е тоа важно?

Доколку ја погрешивте категоријата, сторнирајте и направете нов термин со точна категорија.

Инаку може да не бидете примени и покрај терминот.    

Добив термин, но документите не се стигнати. Како да го сторнирам а веќе го потврдив?

Веќе потврден термин не можете да сторнирате сами. Пратете маил за сторнирање на сл. адреса: skop%27%diplo%27%de,visa . Пратете ни го и регистерскиот број кој го добивте при пријавувањето.

Каде се уплаќа таксата за виза? Преку која банка?

Таксата која обично изнесува 75 евра се уплаќа во готово на шалтерот при поднесување на барањето.

Бев во Германија без виза пред извесно време. Кога смеам пак да влезам?

Македонски државјани имаат право без виза да престојуваат најмногу до 90 дена во период од шест месеци (180 дена). При секој влез во Шенген зоната на самата граница се пресметува колку дена во изминатите 180 дена сте престојувале во некоја од земјите на Шенген просторот и на тоа се додаваат планираните денови на престој. Вкупниот број денови на смее да надмине 90. Амбасадата не превзема индивидуални пресметки на преостанати денови.  

Имам странски пасош (Косово, Србија и др.). Дали може да поднесам барање во амбасадата во Скопје?

Државјани на други земји може да поднесат во амбасадата во Скопје, само доколку поседуваат регулиран долготраен престој во Република Македонија.

Добив виза во амбасадата со важност од 3/6 месеци. Треба ли повторно во амбасадата  да аплицирам за продолжување?

Визата која ја добивте од амбасадата треба навреме да ја продолжите во надлежната служба за странци (Ausländerbehörde) во градот кадешто ќе престојувате.

Треба да поднесам барање за работна виза. Дали е неопходно да го  приложам договорот за работа во оригинал?

Работниот договор е пожелно да биде поднесесн во оригинал и две читливи копии, но ќе биде прифатен и како копија.

Го сменив работодавецот. Што треба да направам?

За промена на виза, потребно е да се информирате во службата за странци во градот во Германија каде што престојувате. Доколку тие не Ви овозможат таму да ја продолжите визата, неопходно е да закажете термин и да поднесете барање со потребни документи.

Сакам да аплицирам за работа како медицинска сестра/негувателка/помошник медицинска сестра. Кое ниво на јазик е потребно?

Доколку сакате да работите како медицинска сестра со дозвола за обавување на дејност односно со завршена процедура за признавање на дипломата (Berufsausübungserlaubnis) потребна е минимум диплома на ниво Б2.

Доколку сакате да работите како помошник медицинско лице доволна е диплома на ниво А2.

Во тој случај Вашиот работодавец потребно e да прати до визниот оддел на адресата: skop%27%diplo%27%de,visa потврда,  дека нема да извршувате дејност (работни задачи) за кои е потребна дозвола за обавување на дејност (Berufsausübungserlaubnis).

Сакам да поднесам барање за студентска виза. Каде да побарам гарантно писмо?

Гарантно писмо (Verpflichtungserklärung)  е посебен формулар, кој треба да ви го обезбеди лицето кое ќе ве финансира а кое живее и работи во Германија, во служба за странци    (Ausländerbehörde) и да ви го прати во оригинал.

нотарски заверени изјави од лицето кое треба да ве финансира нема да бидат прифатени.

Што е блокирана сметка и како се отвара? Дали е неопходна?

Блокирана сметка отвора студентот во германска банка (преку “FINTIBA” или “Deutsche Bank”) но во интерес на време, амбасадата им овозможува на студентите да поднесат барање со потврда од македонска банка дека ги имаат средствата на нивно име, за да може да почне процедурата. Во меѓувреме пожелно е студентот да отвори блокиранa сметка во германска банка (како гаранција дека студентот има средства со кои месечно во рок од една година ќе може да располага)  и да ја префрли потребната сума од 8640 евра на оваа сметка, за да не мора дополнително да се чека,  доколку тоа го побара службата за странци која одлучува за барањето. Доказот дека сметката е отворена и средствата се префрлени, се приложува во амбасадата.

Како тече постапката за осигурување како студент? Треба ли претходно да се осигурам?

Во амбасадата, при поднесување на барање не мора да приложите осигурување. Но се препорачува, пред да заминете за Германија, да си обезбедите потврда од заводот за осигурување на Македонија за билатералниот договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Германија во однос на студенти.

Сакам да работам до три месеци како студент во Германија. Дали ми треба виза?

Како студент имате право на 90 дена работа во годината во Германија без виза.

Единствено ви е потребна дозвола од агенцијата за меѓународно и стручно посредување (Zentrale Auslands- und Fachvermittlung - www.arbeitsagentur.de ).

За вработување над 90 дена, покрај дозволата за работа од ZAV, потребна Ви е и соодветна виза (за документи погледнете на веб страната на амбасадата www.skopje.diplo.de )

Дали и децата треба да дојдат на поднесување на барање, имаат три и пет години?

И деца мора да бидат лично присутни на поднесување и подигање на виза и потребно е да имаат посебен термин.

Како да проверам дали имам забрана?

За проверка дали и каде имате забрана, потребно е да дојдете лично во амбасадата, било кој работен ден од понеделник до четврток од 14.00 до 15.00 h, со пасошот и 20 евра поради заверка на потпис на формуларот, кој потоа ќе го пратите во надлежна служба во Германија, која подоцна на домaшна адреса ќе ви прати информација во врска со забраната.

Бев азилант до пред 6 месеци. Колку е рокот за да може да добијам работна виза?

по правило потребно е да се поминати две години откако сте примале социјална помош како азилант, но потребно е да се проверат и други фактори во врска со добивање на виза.

Колку време е важечка дипломата А 1 за јазик и дали е призната од школо во Германија?

Дипломата има важност една година. Не е важно каде ќе го учите јазикот, важно е да го полагате испитот во училиште во Македонија или Германија кое ја има лиценцата од Goethe институт , TELC или ÖSD. При поднесување на барањето во секој случај ќе се провери дали нивото навистина одговара на дипломата.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА во врска со визите

Blaues Informationsschild