Сина карта ЕУ

Make it in germany Зголемување на сликата (© BMWi) Поедноставено вработување за високо квалификувани кадри во Германија

Заклучно со 1 август 2012 година се олеснети законските предусловите за стекнување работен однос на високо квалификувани стручни лица во Германија. Целта е Сојузна Република Германија да стане попривлечна за добро образовани странски доселеници. Новиот назив за тој вид престој официјално се вика „Сина карта ЕУ„. Покрај тоа исто така се воведе и посебна дозвола за престој наменета за барање работно место.

Предуслови

„Сина карта ЕУ„ може да добие оној, кој во Германија има завршено високо образование. Доколку високото образование не е стекнато во Германија, тогаш зависи

-         дали дипломата во Германија е призната или

-         дали ќе се врши испит за споредување на стручната квалификација.

Информации во врска со испитот за споредување на стручната квалификација и признавањето на странски дипломи можете да најдете на адреса www.anabin.de .

Покрај тоа, барателот мора да докаже дека во Германија ќе располага со годишен бруто приход од најмалку 44.800 евра. Приходот може да се докаже со работен договор или пак преку приложување на обврзувачка понуда за работно место.

Посебни правила за високо образовани кадри во дефицитарни професии

За високо образовани кадри по точно дефинираните дефицитарни професии постои пониска граница на приходи. Таа моментално изнесува 34.944 евра во годината. Тие занимања пред сé се:

-         инженери

-         научници по природни науки

-         математичари

-         ИТ-стручњаци како и

-         лекари по хумана медицина

Визна постапка

За влезот во Германија потребно е барање за виза со цел стекнување работен однос при германската амбасада. Потоа, дозволата за престој „Сина карта ЕУ„  се издава исклучиво од страна на управите за странци во Германија.

Важноста на „Сината карта ЕУ„

При првото издавање, „Сината карта ЕУ„ се издава за траењето на поднесениот работен договор плус три месеци, но најдолго со траење од четири години. Доколку работниот однос продолжи, поседувачи на „Сината карта ЕУ„ по 33 месеци може да добијат дозвола за трајно доселување. Ако се докаже познавање на германскиот јазик од степен Б1, дозволата за трајно доселување може да се издаде веќе по две години.

Брачни партнери и деца

Брачните партнери и децата на поседувачот на „Сината карта ЕУ„ добиваат дозвола за престој без докажување на познавање на германскиот јазик. Make it in germany Зголемување на сликата (© BMWi)

Други информации Поопширни ифнромации на таа тема можат да се најдат на веб страницата " Make it in Germany " која е заедничка веб страница на Сојузното министерство за економија и технологија, Сојузното министерство за труд и социјална политика и Сојузната агенција за работа.

Сина карта ЕУ

Make it in germany

Признавање во Германија

Anerkennung in Deutschland

„Признавање во Германија„ е официјалниот интернет портал за Законот за признавањето на СР Германија. Тој портал ги информира доселениците и странските стручни лица како и каде можат да поднесат барање...