Билатералните економски односи

Зголемување на сликата

Германија традиционално е еден од најважните трговски партнери на ПЈР Македонија. Најважните германски извозни стоки се предпроизводи за текстилната индустрија како и патнички и товарни возила, а Германија увезува од Македонија пред сé облека, лимови од железо или челик како и производи од прехранбената гранка. Поради глобалната финансиска криза билатералниот трговски обем во 2009 година падна на 700 милиони евра споредено со 2008 година, меѓутоа во 2010 година повторно доживеал пораст од 13,2 %.

Германија ја има и водечката улога во областа на развојната соработка. Од 1992 година, на ПЈР Македонија од страна на Германија во рамките на финансиската и техничката соработка и биле потврдени 257,1 милиони евра.

Тежиштата на соработката се политиката на заштитата на животната околина (особено снабдување со вода, третман на отпадните води и на отпад), зајакнувањето на социјалната инфраструктура преку проекти на локално ниво и преку директната поддршка на граѓанското општество како и третото тежиште, поддршката при развивањето на пазарното стопанство, особено преку помош за банкарскиот сектор, за мали и средни претпријатија, модернизирање на земјоделството и усогласување на законите со ЕУ-стандарди.

Трговија и инвестиции Германија - Македонија

Zeitungsseite mit Börsenkursen und Wasserwaage