Развојна политичка соработка

Containerschiff in Hamburg Зголемување на сликата (© dpa/pa)

За Македонија Германија е еден од најважните билатерални донатори и префериран партнер во економската соработка. Од 1993 година, Германија вкупно додели 257 милиони евра во вид на поволни кредити преку Кредитната банка за обнова или преку обуки, советувања од страна на Друштво за меѓународна соработка (GIZ) и ЦИМ.

Германската поддршка пред сé треба да му служи на приближувањето кон Европската Унија (ЕУ)
Во тој однос, Германија ги одбра следните тежишта:

  1. Животната средина (особено снабдувањето со вода, обработка на отпадните води и на цврстиот отпад)

  2. Алтернативни видови енергија (вода, ветер)

  3. Социјална инфраструктура (особено комуналната инфраструктура, техничкото стручно образование, зајакнувањето на граѓанското општество)

  4. Развој на пазарното стопанство (особено унапредувањето на банкарскиот сектор, на секторот на мали и средни претпријатија, модернизацијата на земјоделието, законодавното приближување кон стандардите на ЕУ)

Заштита Животна срединаВо областа на техничката соработка треба да се подобруваат рамковните услови за приватните стопанственици, а тоа со проектот „Промоција на приватниот сектор„. Истиот се одвива преку советувања на Владата, јавните установи и приватни претпријатија. Особена поддршка уживаат активниот маркетинг на пазарот и застапувањето на интересите спрема „јавната рака„ (лобизам), а тоа и во рамки на здруженија со заеднички интерес.

Во однос на заштитата на животната средина, економската соработка се концентрира на снабдувањето со вода, на обработката на отпадните води и на цврстиот отпад како и на заштитата на природата. Рехабилитацијата на постоечките системи за водоснабдувањето (Охрид, Струга) и создавањето на капацитети за обработката на отпадните води ја сочинуваат и изградбата на самостојни претпријатија за водоснабдувањето и обработката на отпадните води. Само на тој начин економската истрајност на ангажманот може да се обезбеди. Проектите за вода кај Охридското и Преспанското езеро во рамките на финансиската соработка и проектите за прекуграничната соработка (Албанија, Грција, Македонија) во езерскиот реон (ЕУРЕГИО) во рамките на техничката соработка даваат значителен придонес за заштитата на извонредна природа, која УНЕСКО во 1980 година ја стави на списокот на Светското наследство на човештвото како природно и културно наследство. Трите езера имаат тектонско потекло, а Охридското езеро, старо околу 4 милиони години,  се вброи меѓу најстарите постоечки езера на светот.

Алтернативни видови енергија

Германија го поддржува уредувањето на таканаречен парк за производство на енергија од ветер со капацитет од 38 МВ во општината Богданци како и ревитализацијата и проширувањето на капацитетите на хидроцентрали во различни региони во земјата.

Социјална инфраструктура на локално ниво

Во рамките на германската финансиска соработка се поддржува подобрувањето и изградбата на локалната инфраструктура, а тоа преку „Програмата за социјалната инфраструктура„ во директна соработка со мали и средни општини. Тука спаѓаат на пример, обновата на патишта и плоштади, рехабилитација на каналите за атмосферските води и на речните корита, мерки за ошумување или пак санирањето на училишта и здравствени установи. Мерките се извршуваат со ангаќманот на невработениот дел од населението на кои им се обезбедуваат приходи.

Со децентрализацијата и концентрацијата на помали општини економската соработка дава важен придонес за зајакнувањето на демократските структури на локално ниво.

Развој на пазарното стопанство

Во Македонија трансформацискиот процес кон пазарното стопанство сé уште не е завршена. Со оглед на високата стапка на невработеноста и имајќи го в предвид процесот на доближувањето кон ЕУ, тој има одлучувачка улога. Во рамките на финансиската соработка се праваат напори за облажување на дефицитите во однос на кредитната и финансиско-услужна понуда на банкарскиот систем, а тоа преку кредитни линии за мали и средни претпријатија и со помош на учеството во капиталот на специјалната банка за микрофинансирање Про Кредит Банк. Со тие мерки на претпријатијата им се нуди можност за барем делумно финансирање.