Мали проекти на амбасадата

Возило за отпад за Кратово Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

Финансиската поддршка на Малите проекти е овозможена од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи, со цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во Македонија. За постигнување на таа непосредна цел која ќе биде од заедничка корист, се финансираат набавки на различна опрема и мали градежни работи. Текот на проектите е ограничен на една календарска година. Минатата година Амбасадата финансираше повеќе од десет проекти со вкупна вредност од 44.000 евра, а исто така и оваа година ни стојат на располагање средства за поддршка на нови проекти. Со осврт на минатите 15 години, Амбасадата во целата држава има успешно имплементирано повеќе од 70 мали проекти.

Објаснување за тоа, кои проекти се поддржуваат како и за постапката, се дадени во информацијата, која можете да ја симнете од оваа страна, а исто така и формулари за поднесување барање на германски и македонски јазик.

Пред поднесување на барањето Ве молиме телефонски или по електронски пат да контактирате со госпоѓа Марина Серафимовска, заради појаснување на Вашиот проект и шансите за успех на истиот:

Тел.02 3093 900 E-Mail skop%27%diplo%27%de,info

Aдреса:

Амбасада на Сојузна Република

Германија

ул.Леринска 59

1000 Скопје