Стручно образование и усовршување - Специјални стипендии за обука

Logo Robert Bosch Stiftung

Конкурс: Медиуми - посредник помеѓу народите 2015

Фондацијата Роберт Бош во спработка со новинарското училиште од Берлин поканува млади новинари со добри познавање на германскиот јазик од средна и источна Европа на тримесечен престој во Германија.

Краен рок за пријавување: 1-ви ноември 2014 година.

Следниот линк Ви нуди поопширни информации.

Tastatur

Конкурс за обука за новинари!

Robert Bosch Stiftung and Thomson Reuters Foundation offer a four-week training designed for midcareer journalists from Southeast Europe, Greece and Turkey. 16 journalists will be selected to particip...

Обука за новинари 2015 г.

Институтот за поддршка на млади кадри во областа на публицистика нуди тринеделен семинар во Минхен за млади новинари од средна и источна Европа кои зборуваат германски. За време на семинарот новинарск...

Фондацијата Александар фон Хумболт

Тука може да најдете информации за сите програми и стипендии на Фондацијата Александар фон Хумболт!

Стипендии за реномирани уметници

Специјалната Берлинска програма за уметници на ДААД секоја година доделува стипендии за реномирани уметници од областите ликовна уметност, литература, музика и филм.

Сé што треба да знаете во врска со аплицирање...

Стипендиски програми на Германската Сојузна Фондација „Околина„

Сојузната фондација „Околина„ секоја година доделува стипендии за истражувачки престои во германски институции. поопширно...

"iMove"

"iMove" е иницијатива на Сојузното министерство за образование и истражување за интернационализирање на германските услужни дејности во областа образование и усовршување.
Под мото „Training - Made in Germany" „iMove" се ангажира во странство за германската компетенција во областа на професионалното образование и усовршување.
Читајте повеќе на веб страницата на "iMove".

Стипендии за уметници од ДААД

Берлинската програма за уметници при ДААД годишно доделува 18 до 20 стипендии  на врвни претставници во својата струка во областите ликовна уметност, музика, литература и филм. Програмата е финансирана од страна на Министерството за надворешни работи на Германија и од Берлинскиот Сенат, а има за цел поддршката на странски уметници, нивното меѓународно поврзување како и зајакнувањето на градот Берлин како метропола на културата.

Во текот на нивниот едногодишен престој (artist-in-residence) стипендијатите ќе имат можност за слободно уметничко работење. Стипендијатите ќе учествуваат во разновидни настани организирани од страна на централата на ДААД.

Кандидатите треба да ги достават нивните апликации директно до ДААД, освен во областа „ликовна уметност„.

Следните линкови Ви нудат поопширни информации за програмата.

Логото на Меѓународните летни универзитети на покраината Хесен

Меѓународни летни универзитети на покраината Хесен

Меѓународните летни универзитети се одржуваат од јуни до септември при различни универзитети и виши школи во покраината Хесен. Секој Меѓународен летен универзитет се состои од четиринеделен курс за англиски и/или германски јазик на разни теми, а наменети се за студенти, научници и доценти, меѓутоа и за други заинтересирани. Меѓународниот летен универзитет нуди и курсеви по германски јазик, екскурзии и културна програма. Во однос на курсевите се доделуваат „кредитни бодови„.

Поопширни информации:

Логото на Институтот за односи со странство (ifa)

Стипендии на Фондацијата "Rave"

Двапати годишно Фондацијата "Rave" доделува стипендии за куратори, реставратори, музејски техничари и културни менаџери од земји во транзиција и развој.

Поопширни информации на следните линкови:

Logo Deutscher Volkshochschul-Verband

Институт за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на народните универзитети (IIZ-DVV)

Канцеларијата на Институтот за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на народните универзитети во Скопје соработува со македонските државни и невладини партнерски организации во областа на професионалното и општото образование како и во областа на изучувањето на странски јазици на возрасни на локално, регионално и национално ниво. Потребата на континуирана обука и се доближува на широката публика во таканаречените „Недели на доживотното учење„.

Поопширни информации Ви ги нуди следниот линк

Стручно образование и усовршување - Специјални стипендии за обука