Билатералните културни односи меѓу Германија и Македонија

Brasilianisches Orchester spielt Gustav Mahler Зголемување на сликата (© picture alliance / WERTHER SANTA)

Спогодбата за културна соработка, потпишана на 16 октомври 1997 година, ја претставува основата за културните односи. Од јули 2007 година во Скопје има и претставник на Гете-Институтот со своја канцеларија. Постојат низа континуирани програми (стипендиски програми, семинари за наставници и професори по германски јазик и друго) како и извонредни поединечни настани (изложби, концерти).

Досегашниот врв на германско-македонската културна размена биле Германските недели во септември и октомври 2009 година. Најважната културна манифестација претставува Фестивалот на новиот германски филм секоја година во октомври.

Активните партнерства меѓу градовите Скопје и Нирнберг како и Скопје и Дрезден ја оживуваат културната размена.

Со оглед на тесните политички и економски односи, интересот за германскиот јазик  е мошне голем. Според бројот на оние кои го изучуваат германскиот јазик како странски јазик, германскиот е на трето место после англискиот и францускиот јазик. Од 2006 година Скопската гимназија Јосип Броз Тито ја доделува дипломата ДСД II која ги потврдува потребните познавања на германскиот јазик кои се неопходни за студирање во Германија. Покрај ова училиште постои и претставник на германската Централа за школството во странство кој покрива и две други гимназии во регионот Скопје. Гете-Институтот покрива 12 основни училишта каде што германскиот јазик се учи од првото одделение. Интересот за стипендиите од Германската академска служба за размена (ДААД) е мошне голем, а службата има и канцеларија при Универзитетот Скопје со германски претставници.

Во областа спорт важи мотото „Луѓето да се движат, границите да се надминат„. Првата велосипедска трка околу целото Охридско езеро со учесници од Македонија, Албанија и Косово во јуни 2012 година претставуваше нов врвен настан на поддршката на спортот.

Линк кон програмата за поддршката на спортот на министерството за надворешни работи на Германија.

Билатерални културни односи

Operette "Die Blume von Hawaii"

Канцеларијата на Goethe-Institut во Скопје

Grünes Logo des Goethe-Instituts

Германска Академска Служба за Размена (ДААД)

Канцеларијата на ДААД во Скопје Ви нуди информации околу стипендиската програма на ДААД.

Централа за школството во странство

Централата за школството во странство поддржува повеќе од 1000 училишта во целиот свет.

Посетете ја Германската читалница!

Kurt Tucholsky (1890 - 1935)