Меѓународната парламентарна стипендија на Германскиот Бундестаг

Reichstag in Berlin Зголемување на сликата (© dpa/PictureAlliance)

Секоја година, Гермнаскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети на млади луѓе им дава прилика да се запознаат со процесот на политичкото одлучување и да стекнат практични искуства во областа на парламентарното работење. Програмата ИПС трае вкупно пет месеци. Суштината на програмата е тримесечна пракса кај еден пратеник на Германскиот Бундестаг. Дипломирани младинци со добро познавање на германскиот јазик се повикуваат да конкурираат за оваа стипендија.

На линковитe (десно) може да се информирате за програмата и за аплицирањето. Рокот за аплицирање завршува на 30 јуни 2016 година.
Внимание: Рокот за апликација е продолжен до 31 јули 2016 г. Повеќе информации овде

Меѓународната парламентарна стипендија на Германскиот Бундестаг

Internationales Parlaments-Stipendium