Поддршка за Здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“ од Гостивар

10.1.2018
Brailleschrift Зголемување на сликата (© colourbox.com)

Германската Амбасада во Скопје веќе 14 години по ред секоја година го организира Божиќниот базар. На тој настан во свечена атмосфера, голем број интернационални гости од политиката, економијата и културата имаат можност да купат и вкусат германски специјалитети.

Овој настан го помагаат голем број спонзори, а него го организираат и спроведуваат сите вработени во Амбасадата, нивните семејства и пријатели.

Среќни сме, што со добивката од Божиќниот базар 2017, можеме да му помогнеме на Здружението на слепи и лица со оштетен вид  „Реалност“ од Гостивар, со набавка на асиситивна компјутерска технологија за лица со попреченост во видот и соодветен Браев печатач.

Овие поддржувачки компјутерски технологии како скрин-читач, задавање на јазик, софтвер за зголемување на буквите, специјална тастатура и др. се одликуваат со интелигентен технички дизајн, флексибилни механички конструкции како и адаптивни програмирања, а со тоа им го олеснуваат и поедноставуваат животот и секојдневието на овие лица. На овој начин се овозможува лицата со попреченост да водат посамостоен живот.

Слепите лица и лицата со оштетен вид од целиот регион: Гостивар, Маврово-Ростуше и Врапчиште ќе можат да комуницираат електронски без бариери, независни од надворешна помош, ќе можат самостојно да подготвуваат и да аплицираат за проекти.

Училишниот материјал за основно и средно образование кој е електронски достапен, а им беше итно потребен на учениците за сите наставни предмети, ќе може оптимирано на сите достапни јазици да биде испечатен со браево писмо.

Ние, вработените во Германската Амбасада во Скопје, ѝ благодариме на НВО „Европски центар за развој, толеранција и соработка“ за подготвеноста да му помогнат на Здружението, како и за одличната координативна соработка со Амбасадата во текот на овој проект.

© Германска амбасада Скопје

Слики