Поддршка за болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар

31.1.2018
Поддршка за болницата во Гостивар Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

На 08.11.2017 година, господин Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија, господин Гојарт Сулејмани, директор на болницата „Ферид Мурад“ од Гостивар, и г-ѓа Добринка Темелкова, раководителка на НВО „Медиум“ од Гостивар, потпишаа договор за финансирање на медицински апарати и опрема во висина од 7.740,- евра.

Со оваа донација на Германската  Амбасада се финансираше набавката на еден дефибрилатор, еден ЕКГ-апарат, пет болнички колички и вага за детското одделение.

На 30.01.2018 год. од страна на амбасадорот Томас Герберих и соработничката од економскиот оддел Марина Серафимовска беше официјално примопредаден завршениот мал проект. Градоначалникот д-р Арбен Таравари, директорот на болницата д-р Гојарт Сулејмани и координаторот на проектот д-р Ариф Пини, се заблагодарија за донацијата, која претставува мала, но важна помош за граѓаните на Гостивар,

Овој проект претставува успешна донација за помош од страна на Германската Амбасада. Германската поддршка во висина од 7.740,- евра се средства за финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи со цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за болницата во Гостивар Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)
© Германска амбасада Скопје

Поддршка за болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар

Поддршка за болницата во Гостивар