Амбасадорката Алтхаузер во посета на општината Гостивар

17.11.2016
Амбасадорката Алтхаузер, ученици и наставници пред училиштето во Чегране Зголемување на сликата (© Општина Гостивар)

На 17 ноември амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер ја посети општина Гостивар и оствари средба во кабинетот на градоначалникот, г-дин Невзат Бејта. Г-дин Бејта и г-ѓа д-р Алтхаузер разговараа за приликите во општина Гостивар и стопанските предизвици со кои се соочува градот и околината. Во рамките на средбата амбасадорката го посети и ЕУ Инфо Центарот кој е сместен во просториите на општинската зграда, како и опремениот простор на Форумот на млади, каде граѓаните имаат можност да се среќаваат и преку свои идеи да придонесуваат во развојот на општината.

Во рамките на својата посета д-р Алтхаузер го посети ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“ кое во моментов се реновира со помош на турска донација, а во чии простории се градат две специјални училници за едукација и терапија на деца со аутизам и логопедски потешкотии; кои од страна на Германската Амбасaда се поддржани со набавка на специјална логопедска опрема Behringer и Vibrophone.

Исто така, во придружба на градоначалникот, амбасадорката го посети и ОУ „Прпарими“ во Чегране, каде Амбасадата финансиски поддржа адаптација на простории за деца од предучилишна возраст.

Овие проекти се имплементираа со партнерство на НВО „Европски центар за толеранција, развој и соработка“, двете училишта од Гостивар, и истите се финансирани со средства од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи, со цел поддршка на социјалниот и економски развој во земјата домаќин.

Г-ѓа д-р Алтхаузер му се заблагодари на г-дин Бејта за гостопримството и им посака на граѓаните на Гостивар многу успех во иднина.

Амбасадорката Алтхаузер во инфоцентарот на ЕУ во Гостивар Зголемување на сликата (© Општина Гостивар)
Амбасадорката Алтхаузер во училиштето во Чегране Зголемување на сликата (© Општина Гостивар) © Германска амбасада Скопје

Амбасадорката Алтхаузер во посета на општината Гостивар

Амбасадорката Алтхаузер на средба со градоначалникот на Гостивар