25 годишнина на Пактот за добрососедство и пријателска соработка меѓу Германија и Полска

21.10.2016
Logo 25 Jahre Vertrag über deutsch-polnische Nachbarschaft Зголемување на сликата (© GK Krakau)

На 25 октомври амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Полска заедно во Скопје ќе ја одбележат 25 годишнината на Пактот за добрососедство и пријателска соработка меѓу Германија и Полска. Во Македонското министерство за надворешни работи министерот Никола Попоски и амбасадорите на двете земји ќе им се обратат на поканетите гости и ќе ја отворат подиумската дискусија, организирана по тој повод. Г. Кормелиус Охман, директор на Фондацијата за германско-полска соработка, и директорот на Европскиот центар за солидарност во Гдањск, г. Барзил Керски, ќе дискутираат за германско-полскиот дијалог.

По завршување на дискусијата, гостите ќе имаат прилика да ја разгледат изложбата која специјално по тој повод ќе биде презентирана во Министерството за надворешни работи.

Министрите за надворешни работи Штајнмаер и Вашиковски со еден примерок од Пактот за германско-полско добрососедство од 1991 година Зголемување на сликата (© Th. Trutschel / photothek.net)

Министерот Штајнмаер по повод 25 годишнината на Пактот за германско-полско добрососедство

Значењето на германско-полскиот Пакт за добрососедство од 1991 година не може доволно да се вреднува!

Пактот како и клекнувањето на Вили Брант во Варшава е историска пресвртница во нашата заедничка историја, која е обележана со толку промени и трагични елементи. На тој начин се овозможи помирување, така можеше да се отвори ново поглавје од пријателството во рамки на германско-полските односи.

Оттогаш поминаа 25 години, но овој Пакт и понатаму ни ја дава цврстата подлога, на која и Германците и Полјаците, луѓето од двете земји, секојдневно во пријателство се заземаат заедно еден за друг.

Од тие причини, нашиот заеднички јубилеј денес е вистинска причина за радост.

Добитничката на Нобеловата награда Вислава Шимборска во една стихотворба напиша за маките по војната и за потребата од градење мостови – германско-полскиот Пакт за добрососедство од 1991 година е токму таков мост, кој го изградивме со голем напор и сила и кој и денес сè уште нè носи.

© Германска амбасада Скопје

Заеднички текст на амбасадорите Кристине Алтхаузер и Јацек Мултановски

Амбасадорите Кристине Алтхаузер и Јацек Мултановски

Објавен на 21 октомври 2016 година во дневните весници „Утрински Весник„ и "Lajm".

25 години во 2 мнути

(© GK Krakau)

25 годишен јубилеј на германско-полскиот договор за добрососедство