Амбасадорката Алтхаузер се сретна со министерот за финансии

15.11.2016
Амбасадорката Алтхаузер и министерот за финансии Миноски Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

На 14 ноември, амбасадорката на СР Германија, д-р Кристине Алтхаузер, заедно со минстерот за финансии, Кирил Миноски, го потпишаа Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 г. меѓу Владата на Сојузна Република Германија и Македонската влада за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот, а со тоа ја продолжуваат добрата соработка меѓу двете земји.

© Германска амбасада Скопје

Амбасадорката Алтхаузер се сретна со министерот за финансии

Амбасадорката Алтхаузер и министерот за финансии Миноски