Топката е тркалезна и шарена

13.12.2016
Предавање на фудбалски топки на Фудбалската Академија Форца Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

Голема радост кај одговорните на „Фудбалската Академија Форца"

На 13.12.2016 год. Ралф Брантс, соработник на германската Амбасада и одговорно лице за фудбалскиот тим на Амбасадата, предаде 20 фудбалски топки на младите играчи на Сојузот и на нивните тренери.

Фудбалската академија е една од школите за обука на талентиран подмладок на Македонскиот фудбалски сојуз и тесно соработува со серискиот првак ФК „Вардар“. Двајца играчи-девојчиња од оваа школа успеаја во текот на минатите месеци да преминат во македонската женска национална репрезентација. Во неа работат како тренери некои поранешни професионалци на ФК „Вардар“ и на македонската национална репрезентација, меѓу другите, Јовче Џипунов.

Ралф Брантс им посака на девојчињата и момчињата многу забава за време на тренингот и се разбира многу успех секому поединечно за сопствените самозацртани цели во понатамошните фудбалски етапи и во животот.  

Германското министерство за надворешни работи го унапредува спортот меѓународно преку разновидни спортски проекти и донации на опрема, за да ги мобилизира луѓето и да ги поврзе на социјален и економски план. 

Предавање на фудбалски топки на Фудбалската Академија Форца Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)
© Германска амбасада Скопје

Топката е тркалезна и шарена

Предавање на фудбалски топки на Фудбалската Академија Форца