Конкурс за проекти на тема Клима и Климатска заштита 2017

21.12.2016
Klimawandel Зголемување на сликата (© dpa)

Германското сојузно министерство за надворешни работи финансира креативни проекти на тема Клима и Заштита на климата и климатските промени со средства од фондот за надворешна климатска политика.

За распишаните проекти во 2017 година избрани се теми со следниот фокус:

·         Како се спроведуваат заклучоците од климатските конференции во Париз и Маракеш (ноември 2016 г.) на ниво на државата и регионално?

·         Како може да се осигураме, дека сите учесници ќе дадат свој придонес во спроведувањето на заклучоците и државните цели од Спогодбата во Париз (Nationally Determined Contributions, NDCs)

·         Како можеме да ја зајакнеме свеста за меѓусебната зависност на заштитата на климата и животната средина и Агендата 2030?

·         Како да ги етаблираме климатската заштита и одржливиот развој како цврсти елементи на превентивната безбедносна политика?

Врз основа на овие прашања, проектите за клима треба да ја разјаснат климатската политика на Германија и Македонија, да се постигне ниво на свест, како и посилно да се потенцира и направи воочлива заштитата на климата како дел од превентивната безбедносна политика. Овде спаѓаат и класични теми како на пример, намалување на количината на стакленички гасови и шанси и можности за нови технологии кои се безбедни за климата, потоа „Зелена економија“ и „Зелен развој“ како и прилагодување кон климатските промени или климатското финансирање, или сè позачајното „Зелено финансирање“.

Форматот на организираните настани на тема клима може да биде избран слободно, како на пр.:

·         Конференции, настани на местото на настанот, работилници, подиумски дискусии, вмрежување на носители на одлуки и др.

·         Односи со јавност во вид на авторски текстови, велосипедски тури, акции за пошумување, посета на постоечки активности од климатски проекти и др.

·         Обука и усовршување на мултипликатори во земјата

И овој список не е конечен, Вашите нови идеи се добредојдени!

Ќе имаат предност оние проекти, кои се однесуваат на релевантни стејкхолдери надвор од постоечката „заедница за климатска заштита“, на пр.: граѓански сектор, фирми и претставници од приватното стопанство, како и претставници од Владата, освен Министерството за животна средина.

Превидените проектни активности треба да бидат завршени до 31.12.2017 г.

Ве молиме имајте во предвид, дека проектните апликации треба да се однесуваат исклучиво на тема клима, за да се избегнат содржини кои се преклопуваат со други теми од областа на енергија и енергетика, како на пример енергија од обновливи  извори и енергетска ефикасност. Можни се и проекти на тема биодиверзитет, кои немаат фокус на темата клима.

Предлозите за проекти на англиски или германски јазик на приложениот формулар вклучително проектиран буџет за проектот, треба да се испратат најдоцна до 31 јануари, 2017 г. до Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје. Контакт: г-ѓа Марина Серафимовска, Тел. :02/3093-845, e-mail: skop%27%diplo%27%de,wi-100

© Германска амбасада Скопје

Конкурс за проекти на тема Клима и Климатска заштита 2017

Solarkraftanlage und Bio-Energie