Министерот за надворешни работи Штајнамер за изборите во ПЈР Македонија

13.12.2016
Frank-Walter Steinmeier Зголемување на сликата (© photothek.net)

Министерот Штајнмајер на 12.12. во Брисел изјави:

„Вчерашните избори во ПЈР Македонија се важен чекор за надминување на политичката криза во земјата која трае. ОБСЕ, која од самиот почеток го прати процесот со многубројни изборни набљудувачи и обемна техничка поддршка, зборува за мирен тек на изборите во целина.

Сега е значајно брзо формирање на Влада, која ќе го користи мандатот за придвижување на итните реформи. Во областите правна држава и правосудство, јавна администрација како и медиумска слобода и слобода на изразување, на земјата потребни ѝ се брзи и убедливи резултати. На Специјалното јавно обвинителство мора да му се обезбеди понатамошно непречено работење за да открива и казнува злоупотреба на службата и моќта.

Тоа е предуслов, граѓаните повторно да стекнат доверба во институциите на нивната земја. Само на тој начин, евроатлантското доближување може повторно да напредува.

© Германска амбасада Скопје

Министерот за надворешни работи Штајнамер за изборите во ПЈР Македонија

Auswärtiges Amt, Berlin