Амбасадата го прослави Денот на германското единство

5.10.2016
Die europäische und die deutsche Flagge Зголемување на сликата (© dpa picture-alliance)

На преубаво време Амбасадата ја прослави 26-годишнината од денот на германското единство на отворено во хотелот Александар Палас. Домаќинот, госпоѓа Алтхаузер, ги поздрави бројните гости од дипломатскиот кор, политиката, економијата, културата и образованието, претставниците на медиумите и на граѓанското општество со кои Амбасадата со години негува добра соработка.

Детскиот хор „Пиколо“ од Скопје, во кој специјално за посебниот настап на прославата на Амбасадата по повод германското единство беа интегрирани и деца со пречки, со голема професионалност ги изведе националните химни на земјата-домаќин и на Германија.

Годинава Германија претседава со ОБСЕ и оттука голем дел од годинешниот говор на амбасадорката Алтхаузер се однесуваше на оваа тема.

Комплетниот говор може да го прочитате на следниот линк:

© Германска амбасада Скопје

Bildergalerie