25 години германско-македонска соработка

7.12.2017
Logo 25 Jahre deutsch-mazedonische Zusammenarbeit Зголемување на сликата (© Deutsche Botschaft Skopje)

На 6 декември 2017 г. Германската амбасада во Скопје заедно со германските партнери, институции и фондации застапени во Македонија, го прослави јубилејот „25 години германско-македонска соработка“.

За овој настан поканети bea голем број високи претставници од македонските партнерски институции од областите политика, стопанство, култура и образование, како и претставници од дипломатскиот кор.

За идната соработка меѓу двете земји ќе важи она, што го рече амбасадорот Герберих во својот поздравен говор: Остануваме сигурни партнери!

© Германска амбасада Скопје

Галерија