Германското друштво за надворешна политика распишува проект за Западен Балкан

30.1.2017
Logo Stabilitätspakt für Südosteuropa Зголемување на сликата (© Stabilitätspakt für Südosteuropa)

Министерството за надворешни работи на Германија го поддржува проектот на Германското друштво за надворешна политика (DGAP) "Think Tanks на Западен Балкан" со средства од Пактот за стабилност.

Независни институти за политичко истражување од регионот имаат можност да учествуваат во оваа програма. Темата на проектот во 2017 година е борбата против корупција и неформални практики во земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Рокот за аплицирање завршува на 13 февруари 2017 година.

© Германска амбасада Скопје