Амбасадорот Томас Герберих се сретна со македонскиот министер за надворешни работи

23.8.2017
Амбасадорот Томас Герберих и министерот за надворешни работи, Никола Димитров Зголемување на сликата (© МНР)

На 21 август новиот германски амбасадор во Скопје, Томас Герберих, му предаде на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, копија од акредитивното писмо за неговото именување.

Средбата беше можност за детален разговор за билатералните односи меѓу двете земји кои беа оценети како одлични. Министерот Димитров ја изрази својата благодарност за континуираната германска поддршка за неговата земја и задоволството во однос на идната конструктивна соработка на патот кон евро-атлантското приближување.

© Германска амбасада Скопје

Амбасадорот Томас Герберих се сретна со македонскиот министер за надворешни работи

Botschaft der Bundesrepublik Deutschland in Skopje