Свечено отворање на „City Tree“

22.3.2017
Деца на клупа пред Зелениот Билборд во Тетово Зголемување на сликата (© Лавдрим Алили)

Во вторник, на 21 март во Тетово и во среда на 22 март во Скопје, НВО Екосвест и Германската амбасада свечено го промовираа проектот за клима и заштита на климатските промени, CityTree, и им ги предадоа на градовите Скопје и Тетово и нивните граѓани зелените билборди-прочистувачи на воздух.

CityTree претставува вертикална структура од специфични видови на мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон, и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.

Овој проект беше овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двата билборда ја овозможија компаниите: Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.

© Германска амбасада Скопје

Галерија