Испитите за Германската јазична диплома I започнаа во трите ДСД-училишта во Скопје

13.3.2017
Учениците-учесници од гимназијата „Георги Димитров“ Зголемување на сликата (© Рафал Вегил)

За испитот  ДСД I ТI 2017 се пријавија 31 ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“, 52 од гимназијата „Георги Димитров“ и 8 од гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

На 9 март 2017 г. ДСД-кандидатите го полагаа писмениот испит во своите училишта, кои се признати како испитни места од страна на Конференцијата на министрите за култура. Следните денови ќе се одржат устните испити во соодветната гимназија. Професорките по германски јазик се испитувачи во училиштата во кои предаваат и претседатели на испитната комисија во другите ДСД училишта, каде што не држат настава. 

Рафал T. Вегил, координатор за Македонија, им се заблагодарува на директорите на училиштата за конструктивната соработка во контекст на PASCH-иницијативата: „Училишта: партнери на иднината“. Испитите во сите три ДСД училишта се одвиваа според прописите и беа одлично организациски подготвени. Тие сега се целосно интегрирани во училишниот живот.

Со германската јазична диплома I  (DSD I) на Конференцијата на министри за култура (KMK) може да се стекнат ученици во странство и таа служи како доказ за германските јазични познавања. Притоа се испитуваат четирите вештини: слушање со разбирање, читање со разбирање, писмена комуникација и усна комуникација. Испитите ги подготвува Централата за школство во странство (ZfA) во Бон.

Учениците-учесници од гимназијата „Јосип Броз Тито„ Зголемување на сликата (© Рафал Вегил)
Учениците-учесници од гимназијата „Браќа Миладиновци“ Зголемување на сликата (© Рафал Вегил) © Германска амбасада Скопје

Испитите за Германската јазична диплома I започнаа во трите ДСД-училишта во Скопје

Ученици за време на испитот