Доделување на DSD-дипломите во DSD-училиштата во Скопје

13.11.2017
Доделување на дипломите Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

На 7 и на 9 ноември 2017 г. беа доделени годинeшните дипломи за познавање на германскиот јазик DSD I во училиштата, каде што постои можност да се полага тој испит.
Директорот, професорите, координаторот, г. Рафал Вегил, и раководителката на Одделот за култура во германската Амбасада, г-ѓа Катрин Фриинсфелд, им честитаа на учениците за успешно положениот испит.

Германската јазична диплома I (DSD I) се полага од страна на ученици во странство и служи како доказ за нивните познавања на германскиот јазик. Вкупно четири вештини се проверуваат: слушање со разбирање, читање со разбирање, писмена комуникација и усна комуникација. Испитите се составуваат од страна на Централата за школство во странство (ZfA) во Бон. Централата ја поддржува наставата по германски јазик и со наставни помагала. На тој начин оваа година беше предаден по еден лаптоп за наставата.

Доделување на дипломите Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)
© Германска амбасада Скопје

Доделување на DSD-дипломите во DSD-училиштата во Скопје

Доделување на дипломите