Најважно е да се учествува на ОЛИМПИЈАДАТА по германски јазик – но уште поважно е да се патува за Германија!

15.3.2017
Победниците Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

Вака некако може да се опише атмосферата за време на Олимпијадата по германски јазик, која се одржа во Гете-институтот во Скопје на 10.03.2017 година. По неколку изборни круга само 14 ученици од DSD и од другите училишта од цела Македонија успеваат да стигнат до завршниот устен испит.

Младите на возраст од 12 до 16 години изненадуваат со одлични познавања на германскиот јазик и во устниот дел, при опишување на слики или во дискусиите за актуелни теми како што е користењето на социјалните мрежи.

За жал не можат сите да победат“, вели проф. д-р Емина Авдиќ од катедрата за германски јазик и литература од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на македонското здружение на наставници по германски јзик. 

При завршното прогласување на победниците и доделување на дипломите од страна на аташето за култура Хелга Тајпел тројца ученици се радуваа на добиената PAD-стипендија, која ова лето ќе им овозможи 4 неделен престој во германски училишта и семејства-домаќини во Сојузна Република Германија. 

Сара Ристова, ученичка во 9-то одделение од Охрид исто така доби една PASCH-стипендија за патување во Германија. Наставничките и наставниците што ги придружуваа учениците видно се радуваа на успехот на своите ученици.  А од по некое разочарано лице станува јасно дека не е секогаш најважно само да се учествува! За утеха имаше и награди од Гете институтот за сите ученици.

© Германска амбасада Скопје

Најважно е да се учествува на ОЛИМПИЈАДАТА по германски јазик – но уште поважно е да се патува за Германија!

Победниците