Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, за средбата со македонскиот министер Никола Димитров

7.9.2017
Министерот Никола Димитров со министерот Зигмар Габриел Зголемување на сликата (© МНР)

"На мојот колега, Никола Димитров, и на новата македонска Влада како и на Претседателот на Владата, Зоран Заев, им ги честитам првите 100 дена во службата.

Владата покажа впечатлив почеток и со амбициозните реформски планови и позитивните чекори кон соседите испрати сигнал.

Сега е одлучувачки, најавените реформи да бидат и спроведени и реформскиот процес во пјР Македонија повторно да стане актуелен. Само така пјР Македонија може да напредува по патот на евро-атлантското зближување. Но, исто така, сакам изречно да упатам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар почеток на новата Влада и да не одбива конструктивна соработка со Владата. Бидејќи: сето тоа би било на штета не само на ЕУ-перспективата, туку и на луѓето во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и подобрување на нивната животна ситуација.

Германија ја поддржува евро-атлантската перспектива на пјР Македонија како и на другите држави на Западен Балкан. Ние тоа го правиме политички, но и мошне практично, со совет и дело. Пролеттва започнав иницијатива за да внесам нова енергија во Берлинскиот процес, кој постои од 2014 година. Драго ми е што првите предлози произлегоа од Самитот за Западен Балкан во јули во Трст. Заедно со нашите партнери во ЕУ ќе работиме на понатамошното интензивирање на поддршката. Но, воедно исто така важи: нема да има попуст во однос на пристапничкиот процес. Реформите мора да бидат спроведени.„

© AA/Германска амбасада Скопје

поопширно...