Министерот за надворешни работи на Германија Габриел за ситуацијата во Македонија

3.3.2017
Sigmar Gabriel Зголемување на сликата (© Thomas Trutschel/photothek.net)

3 март 2017 г.

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, на маргините на неговата посета во Украина изјави:

Заострувањето на внатреполитичката ситуација во ПЈР Македонија е мошне загрижувачко. Внатреполитичката стагнација претставува закана за земјата, уште повеќе да ја оттргне од патот на доближување кон Европската Унија.

Претседателот Иванов го лишува досегашниот лидер на опозицијата од мандатот за формирање влада, иако тој го обезбеди парламентарното мнозинство зад себе. Тоа е спротивно на демократските принципи и европските вредности, на кои земјата се обврза. Претседателот Иванов би требало да ја преиспита оваа одлука и да ја корегира во интерес на граѓаните на својата земја.

Германија стои зад јасните пораки, кои вчера во Скопје ги пренесе  Високата претставничка, мојата пријателка, Федерика Могерини, на политичките актери и претставници од македонското граѓанско општество.

Моето барање е насочено кон сите во Скопје кои носат политичка одговорност, и во актуелната вжештена внатреполитичка клима да дејствуваат одговорно, да користат умерена реторика и да сторат сѐ за да не им наштетат на односите меѓу етничките групи.

Изречно го поздравуваме понатамошното доближување на земјата кон Европската Унија и жалиме што нерешеното прашање за името со години попречува побрз напредок на патот кон приближување на ЕУ. Сигурно и тоа во значителна мера придонесе за актуелното заострување на ситуацијата. По ова прашање мора веднаш да се внесе динамика.

© Германска амбасада Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Габриел за ситуацијата во Македонија

Auswärtiges Amt, Berlin