Сојузниот министер за надворешни работи Габриел за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија

1.8.2017
Зголемување на сликата (© photothek)

„Денес Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори се најде консензуално решение на отворените прашања.

Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за натамошната евро-атлантска интеграција на пјР Македонија.Вреди да се напомене дека ова потпишување успеа да се спроведе за помалку од два месеци од инаугурацијата на новата македонска Влада.

Убеден сум дека новата Влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид на конструктивна соработка консеквентно со сите соседи. Исто така ги поздравувам напорите на новата Влада, по долгогодишна стагнација сега конечно да започне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ“.

Позадина:
Потпишаниот договор за добрососедство помеѓу Бугарија и пјР Македонија го отстранува двоумењето на Бугарија во однос на приближувањето на пјР Македонија кон НАТО и ЕУ.

© Германска амбасада Скопје

Сојузниот министер за надворешни работи Габриел за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија

Der erleuchtete Haupteingang des Auswärtigen Amts am Werderschen Markt