Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, за ситуацијата во Македонија

29.3.2017
Министерот за надворешни работи на СР Германија, Зигмар Габриел Зголемување на сликата (© Bundesregierung Bergmann-L)

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, по разговорот со неговиот шпански колега на 28 март изјави меѓу другото:

„Ние исто така разговаравме дека заедничка ни е грижата за развојот на Западен Балкан, пред сѐ, на (ПЈР)Македонија. Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот Претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да ѝ стават крај на блокадата.

Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во (ПЈР)Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот.“

© Германска амбасада Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, за ситуацијата во Македонија

Auswärtiges Amt, Berlin