Советодавни денови на Германскиот пензиски фонд во Македонија

12.10.2017
Eine Parkbank in der Sonne mit Senioren besetzt Зголемување на сликата (© dpa/pa)

На 7 и 8 ноември 2017 г. службеници од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе одржат советодавни денови во Македонија.

Лица, кои работеле во ПЈР Македонија и/или во Германија, ќе имаaт можност да се посоветуваат и информираат за нивните индивидуални права на пензија и од германското и од македонското пензиско осигурување.

Лицата имаат можност да се информираат за

  • најраниот термин за пензионирање и за висината на пензијата
  • пресметувањето на стажот и докажување на истиот
  • постапката за исплата на пензијата
  • постапката за поднесување барање за пензија
  • инвалидност и друго.
© Германска амбасада Скопје

Советодавни денови на Германскиот пензиски фонд во Македонија

DRV_Bund

Каде и кога

Тетово, 7 ноември, 09:30 - 16:00 ч.
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување
ул. Илирија бр. 74/5, Тетово

Скопје, 8 ноември, 09:00 - 16:00 ч.
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување
ул. 23-и Октомври 11, Скопје

Телефонско закажување на термин:
(00389) 215 215