Флорет-меч-сабја? Спортско мечување во Македонија

16.8.2017
Тренинг-камп за мечување со германска поддршка Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

Во големата сала на хотелот „Дрим“ во Струга, парови во бели одела и маски за лице (дали се тоа мажи или жени?) елегантно ги вкрстуваат мечевите.

Зоран Стојановиќ, претседател на Македонското мечувалско здружение, ни објаснува дека од историските дуели се развил фасцинирачки боречки спорт.

Се наоѓаме во тренинг-камп, кој го води германскиот експерт за мечување Рорик Јансен. По налог на Германскиот олимписки спортски сојуз, тој цела недела ги обучуваше партнерите во Македонија, тренери, членови на Здружението и подмладокот.

На Здружението му беше предадена материјална донација: мечеви, заштитна облека, маски за лице и торби за носење на опремата. Финансирањето доаѓа од германското Министерство за надворешни работи во Берлин.

Германската амбасада со години негува добри односи со Националниот олимписки комитет (МОК), кој поднесе барање за овој кратковремен проект.

Други можности за поддршка на спортот се меѓународните курсеви за тренери кои ги нуди спортско-научниот Факултет при Универзитетот Лајпциг во различни спортови.

Меѓународната поддршка на спортот е значаен дел од надворешната културна и образовна политика: спортот создава мостови, надминувајќи ги јазичните, политичките и религиозните граници. Спортот е поим за фер однос, толеранција, почит и мирен натпревар.

Уметноста на мечувањето е добар пример за тоа.

Амбасадата му посакува многу успех на Македонското мечувалско здружение!

Тренинг-камп за мечување со германска поддршка Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)
© Германска амбасада Скопје

Флорет-меч-сабја? Спортско мечување во Македонија

Тренинг-камп за мечување со германска поддршка