Државниот министер за Европа, Михаел Рот, во Скопје

10.7.2017
Europa-Staatsminister im Auswärtigen Amt, Michael Roth Зголемување на сликата (© Michael Farkas)

Државниот министер за Европа во Германското министерство за надворешни работи, г. Михаел Рот, на 10 и 11 јули 2017 година престојува во Скопје. Г. Рот ќе има средби со премиерот Заев, со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и со претставници на граѓанското општество.

Во интервјуто, дадено пред неговата посета, г. Рот меѓу другото изјави:

"Германија постојано ја поддржуваше пјРМакедонија на нејзиниот пат во правец кон евро-атлантските структури. Ние тоа ќе го чиниме и понатаму. По парламентарните избори во декември 2016 год. конечно е конструирана нова Влада која е способна за делување. Сега е важно: одлучно да се започне со итно потребните реформи во правосудството, медиумите јавната администтрација како и со борбата против корупцијата. Сето тоа е многу обемно и не може да се смета за прошетка. Но Скопје може да смета на тоа дека ние заедно со европските и меѓународните партнери ќе стоиме на располагање за помош. Во наш интерес е, земјата повторно да се најде на евро-атлантскиот пат. За тоа брзо мора да се спорведат реформите и содржините од извештајот на Прибе. На политичките блокади и на маневрите за одолговлекување, како што ги видовме во периодот пред и по изборите, мора конечно да се стави крај. Одговорните енормно и наштетија на земјата и пред се на граѓанките и граѓаните. ..."

Целосното интервју може да го прочитате на линкот десно .

© Германска амбасада Скопје

Државниот министер за Европа, Михаел Рот, во Скопје

Premier Zaev im Gespräch mit Staatsminister Roth in Skopje