Поголема мобилност за лица со телесна попреченост во Велес и регионот

3.3.2017
Предавањето на возило прилагодено за превоз на лица со инвалидитет Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)

На 20.02.2017 година, амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа д-р Кристине Алтхаузер, заедно со г-дин Лукас Мирингер, директор на фирмата Дрекселмаер-Македонија му предадоа возило прилагодено за превоз на лица со инвалидитет на здружението Мобилност, и нивниот претседател г-дин Горан Здравков.

Возилото беше донирано од страна на фирмата Дрекселмаер, а техничкото прилагодување и опремување со вградување на хидраулична рампа е овозможено преку лична донација во висина од 4.700 евра од вработените на Германската Амбасада во Скопје. Оваа донација е остварена преку добивката од минатогодишниот Божиќен Базар на Германската Амбасада кој го голем ангажман се организираше од страна на персоналот, раководен од конзулот, г-дин Томас Хере, кој исто така присуствуваше при примопредаавњето на возилото. Прилагоденото возило им стои на располагање за превоз на лицата од Велес, Чашка и Градско .

При свеченото примопредавање, на присутните им беше демонстриран начинот на функционирање на рампата во возилото. Г-дин Славчо Чадиев, градоначалникот на општина Велес која е втор партнер на проектот, им се заблагодари на г-ѓа д-р Алтхаузер и г-дин Мирингер за донацијата од името на сите граѓани.

Предавањето на возило прилагодено за превоз на лица со инвалидитет Зголемување на сликата (© Германска амбасада Скопје)
© Германска амбасада Скопје

Поголема мобилност за лица со телесна попреченост во Велес и регионот

Амбасадорката Алтхаузер, соработниците во амбасадата г-ѓа Серафимовска и г. Хере со новинари