Германско-француска комеморација на 11 ноември во Битола и Прилеп

13.11.2017
Gedenken und Erinnern Зголемување на сликата (© dpa/picture-alliance)

По повод „Volkstrauertag“ (Денот на народна жалост) и "Commémoration du 11 novembre 1918" (Денот на примирјето од Првата светска војна) амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција заедно го одбележаа поменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи на Француските воени гробишта во Битола и на Германските воени гробишта во Прилеп.

Во присуство на претставници на државните и локални власти како и на дипломатскиот кор и на здруженијата, амбасадорот на Сојузна Република Германија го одржа својот говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција им се обрати на присутните на германските воени гробишта во Прилеп во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за германско-француското пријателство.

© Германска амбасада Скопје

Германско-француска комеморација на 11 ноември во Битола и Прилеп

Deutsch-Französische Freundschaft